Достапни линкови

Токио: Јапонија го поддржа Волфовиц за претседател на Светската Банка


Јапонија ја подржа номинацијата на американскиот државен секретар за одбрана Пол Волфовиц за нов претседател на Светската Банка. Франција и други европски држави реагираа постудено, бидејки на Волфовиц гледаат како на контроверзна фигура која имаше водечка улога во залагањето за инвазија врз Ирак. Кина пак соопшти дека ќе соработува со Волфовиц или кој и да биде избран. Според Волфовиц, кој би требало да го замени Џејмс Волфенсон на 1 јуни, целта на Светската Банка за намалување на сиромаштијата и зголемување на развојот е благородна. Традиционално местото претседател на Светската Банка им припаѓа на Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG