Достапни линкови

Костовски се надева дека победи во првиот, Пенов планира втор круг


ДИК досега има информација со повторување на гласањето во две избирачки места во Шуто Оризари , тече рокот за приговори до Општинските Изборни Комисии кои се надлежни да одлучат дали ке има прегласувања и на други места.

,,Се работи за општина Шуто Оризари каде што на две избирачки места се поништени гласањата. За други, до ДИК нема пристигнато информација дека има поднесено приговори. По две недели, доколку резултатите на одредено избирачко место влијаат на вкупните резултати, најнапред треба да заврши првиот круг гласање, а потоа да се организира вториот круг. Изборната комисија е должна во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе решение. Против тоа решение на општинската или градската комисија, подносителот има право на жалба до Врховниот суд на Република Македонија во рок од 48 часа по приемот на решението,”

Вели портпаролот на ДИК Зоран таневски. Од до Изборниот штаб на Трифун Костовски се надеваат дека нема да има втор круг доколку има прегласување и им бидат прифатени нивните приговори и жалби за неколку скопски општини.

,,Ги обжаливме местата во кои имаше сериозни неправилности, истакнавме, тоа беа, Шуто Оризари, Сарај и Чаир, Чекаме од општинските изборни комисии, доколку не бидат прифатени нашите жалби, тогаш ќе ја искористиме последната инстанца, однодно ќе се обратиме во Врховниот суд, евентуално, ако и тој одбие, тогаш одиме во вториот круг.”

вели портпаролот Маја Мухич. Против Кандидатот на Костовски , Ристо Пенов, од неделата не се појавил пред јавноста и македонските новинари, но од неговата партија И Коалицијата За Македонија Заедно велат има рецепт да се победи во вториот круг и покрај разликата од 50 илјади гласови.

,,Нашата анализа покажува дека и нашите симпатизери не излегоа во доволен број. Го имате примерот и на претседателските избори, за тоа што се случи меѓу првиот и вториот круг, ние сакаме истата формула да ја употребиме, затоа што сме сигурни дека разликата е надокнадлива,”

изјави Андреј Жерновски.

Во невладината Мост кои го прогласија Трифун Костовски за победник во првиот изборен круг со добиени 53 насто од гласовите наспроти 31 на Пенов, не сакаат да коментираат дали е возможно нивната ПВТ програма за обработка на гласовите овој пат да потфрли, што не беше случај за време на референдумот и претседателските избори. Разликата мегу нивните и резултатите на ДИК е дури пет насто:

,,Тоа е официјалниот став на организацијата и не можам да влегувам во дискусија за тоа,”

вели Славица Биљарска.
XS
SM
MD
LG