Достапни линкови

logo-print

Брисел: Вратата на ЕУ за Хрватска останува отворена


Претседавачот со Европската Унија, шефот на дипломатијата на Луксембург, Жан Аселборн денеска во Брисел изјави дека за Хрватска вратата на Европската Унија останува отворена и покрај тоа што попладнево се очекува одлагање на почетокот на преговорите за членство. Велика Британија и Холандија соопштија дека преговорите ќе бидат одложени поради неиспорачување на генерал Анте Готовина на Хашкиот трибунал, обвинет за воени злосторста.
XS
SM
MD
LG