Достапни линкови

Ниедна земја не е имуна на корупција при големи проекти за изградба


Големите проекти за изградба на патишта, шопинг центри и поголеми комплекси на згради во себе кријат илјадници можности за подмитување и ниедна земја не е имуна на ваков вид корупција, се наведува во денеска објавениот извештај на Транспаренси. Шефот на оваа организација Дејвид Нусбаум вели:

„Поголемиот дел од овие проекти се уникатни. Ние не можеме да ја споредуваме цената и тоа отвора многу можности за корупција.“

Тоа значи дека не е лесно да се открие колкав е вистинскиот износ на трошоците, а уште по проблематичен е фактот што најчесто за такви проекти е потребно одобрение од владини претставници, кое во многу случаи се добива со подмитување.

„Тие договори се од големо значење за компаниите кои настојуваат на каков било начин да ги добијат.“

Наведува Нусбаум. Годинава фокусирањето врз вакви проекти за изградба на големи објекти е посебно изразено поради големите суми помош за санирање на последиците од Цунами трагедијата во реонот на Индиски Океан. Една од мерките што ја иницира Транспаренси Интернешнел е склучување договор меѓу заинтересираните компании да не нудат мито или да не превземаат нелегални средства за да ги добијат проектите. Нусбаум го наведува примерот со постигнување сличен договор во врска со изградбата на аеродромот во Берлин, кој е мулти-милионски проект. Граѓаните немаат големи можности за контрола на парите од ваквите проекти, но барем можат да бараат поголема транспарентност од Владите. Инаку, Транспаренси Интернешнел денеска објави и извештај за прогрес во битката против корупцијата во 40-тина земји во светот.
XS
SM
MD
LG