Достапни линкови

Каиро: Состанок на Махмуд Абас со водечките палестински групи


Палестинскиот лидер Махмуд Абас денеска во Каиро се состана со водечките палестински групи на разговори за можното примирје со Израел. Абас изрази надеж дека тоа ќе биде договорено. Но, израелскиот премиер Шарон изјави дека примирјето нема да биде доволно и оти побара од Абас да ги распушти радикалните палестински групи. Инаку, денеска израелското радио јави дека во наредниве денови на палестинските безбедносни сили ќе им бидат предадени три градови на Западниот Брег.
XS
SM
MD
LG