Достапни линкови

logo-print

Приштина: Експлозија на бомба во моментот на поминување на колоната на Ибрахим Ругова


Во центарот на Приштина изутрината одекнала експлозија на бомба во моментот кога пред зградата на косовската влада минувал конвој автомобили во кој бил и претседателот Ибрахим Ругова. Агенциите јавуваат дека Ругова не бил повреден, но оти автомобилот во кој се наоѓал бил оштетен. Биле искршени и прозорците на околните згради. Ругова по инцидентот заминал на средба со еврокомесарот Хавиер Солана кој престојува во посета на Приштина на разговори посветени на формирањето нова косовска влада. Ругова побара од властите да ги откријат и најостро да ги казнат извршителите на нападот и додаде дека за жал се уште постојат елементи кои сакаат дестабилизација на Косово. Полицијата која се уште ги истражува мотивите за нападот соопшти дека едно лице било полесно повредено и оти бомбата била поставена во контрејнер крај патот.
XS
SM
MD
LG