Достапни линкови

Хаг: Подигнато обвинение против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски


Хашкиот трибунал викендов доставил обвинение до македонското Министерство за правда против екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски и против Јохан Тарчуловски, поранешен телохранител на претседателот Борис Трајковски, за кршење на законите или обичаите на војување во врска со случајот „Љуботен“.

Како што се вели во денешното соопштение од Министерството за правда, до нив истовремено биле доставени и налогот за апсење и за предавање на Тарчуловски. Тие ги доставиле сите наведените акти до Министерството за внатрешни работи.

Македонската полиција денеска го уапсила Тарчуловски и тој е префрлен во затворот „Скопје“.

Министерството за правда ќе го извести Хашкиот трибунал за преземените дејства.

Мирјана Илиева, портпаролка во ова Министерството, вели дека информацијата за обвинението ја објавуваат денеска поради тоа што прво морале да го известат МВР.

Хашкото обвинителство водеше истрага за улогата на поранешниот министер за вантрешни работи Љубе Бошковски во акцијата на македонските безбедносни сили во скопското село Љуботен во 2001 година во која беа убиени 10 Албанци.

Бошкоски во моментов се наоѓа во истражниот затвор во Пула. Хрватската полиција го уапси по барање на македонските власти откако беше обвинет за случајот „Раштански лозја“. За истото кривично дело - соизвршителство во седум тешки убиства кај месноста Раштански Лозја, на 25 февруари обвинение против Љубе Бошкоски, кој има и хрватско државјанство, подигна и Обвинителството во Пула.
XS
SM
MD
LG