Достапни линкови

Политичка уметност


Политичарите можат да бидат здодевни, а нивните говори да предизвикаат прозевање. Но некои од нив истовремено искажуваат наклоност кон артистичко изразување. Стануваат поети, прозаисти, дури и пеачи. Такви има секаде во светот.

Пред три години кога Џон Ашкрофт тогашниот американски министер за правда одржа говор во Северна Каролина забележа дека тоа не предизвика големо влијание кај медиумите. Меѓутоа, неговото пеење имаше спротивен ефект. Имно американскиот министер за правда Ашкррофт не само што ја испеа туку и ја состави патриотската песна во која ја спореди својата земја со моќниот орел. Пеењето можеби изгледа не споиво со високите функционери но Ашкрофт не е осамен во музичките води. Пред две години италијанскииот премиер Силвио Берлускони изјави дека бил зафатен да ги следи политичките расправии меѓу неговите подржувачи и опоненти затоа што пишувал љубовни песни. Гитаристот Мариано Апициела на лириката на Берлускони и додаде ноти и запеа.

„Кој пее зло не мисли“

И не станува збор само за пеење. Политичарите и пишуваат поезија. Тука се шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој во јануари годинава издаде специјална едиција, потоа меѓу попознатите се поранешниот американски претседател Џими Картер, министерот Вилиам Коен, поранешниот француски министер за надворешни работи Доминик де Вилпен или ако одиме во историјата и славниот британски премиер од Втората Светска Војна Винстон Чечил. Но во сегашноста еден од најактивните поети меѓу политичарите е претседателот на Туркменистан Сапармурат Нијазов. Еве како тој ја рецитира сопствената поезија

„Владетели, ученици и овчари,
сите се еднакви во мојата демократија.
Туркмените ја градат по патот на пророкот,
Сапармурат Туркменот е сакан син на господ кој живее чесно.
Тоа е мојата демократија.“


За овие стихови на туркменистанскиот претседател, туркменистанскиот поет во егзил Ширали Нурмурадов вели дека се поетски добри, но дека не му припаѓаат на Претседателот Сапармурат Нијазов затоа што тој подобро зборувал руски отколку туркменски. Како и да е, за ова второ јас на политичарите хумористот Карт Сели вели.

„Нема ништо поегоисточно во светот отколку пишувањето, бидејки во основа вие размислувате за себе си во стилот ,,Јас имам нешто да кажам,, А, ако е политиката втора по ред егоистична работа во овој свет тогаш можеби вреди мислењето дека станувајки политичар треба да се шефува со луѓето.“

Во секој случај, смета Сели, некои политичари веруваат дека ова искажување ке трае подолго од некои нивни придобивки во економијата или здравството на пример. Во тој случај опеаниот орел на некогашниот министер за правда на Соединетите Држави Џон Ашкрофт ќе лета и откако неговата политичка работа ке биде заборавена.
XS
SM
MD
LG