Достапни линкови

Хаг: Харадинај не се чувствува виновен


Поранешните припадници на ОНА Рамуш Харадинај, Идриз Баљај и Љахи Брахимај на нивното прво појавување пред Хашкиот Трибунал негираа дека се виновни за воени злосторства извршени на Косово. Тројцата се обвинети за убивање, приведување и малтретирање во периодот од март до септември илјади деветстотини деведесет и осмата година. Адвокатите на Харадинај најавија дека ќе бараат привремено ослободување за него поради фактот што тој доброволно се пријавил во Хаг.
XS
SM
MD
LG