Достапни линкови

Пекинг: Усвоен анти сепаратистичкиот закон за Тајван


Кинескиот парламент денеска на крајот од годишната сесија едногласно го усвои таканаречаниот антисепаратистички закон за Тајван. Со законот и се дозволува на кинеската влада да употреби сила за да го спречи прогласувањето независност од страна на Тајван. Кинескиот премиер Вен Џибао изјави дека не станува збор за воен закон, туку за закон кој придонесува за обединување на Кина. Тајван, остров со дваесет милиони жители, илјада деветстотини четириесет и деветата година де факто е независен од Кина.
XS
SM
MD
LG