Достапни линкови

Гласањето заврши, одзивот до 15 часот 33 насто


Вкупно на три гласачки места во земјава, граѓаните немаа можност да гласаат, во едно поради тешки времеснки услови, а во две други, во тетовско и гостиварско, поради инциденти, информираат од ДИК:

„На три места не се гласа. Ехловец, сигурно нема да се гласа, а во другите две места, ако гласањето е прекинато повеќе од три часа, нема да продолжи. Затоа ќе треба да реши општинската комисија, како ќе биде решен проблемот. Во училиштето Климент Охридски во Бутел, по краткиот прекин на гласањето, беше воспоставен ред, беа однесени нови три кутии и гласањето продолжи. Според законот, гласањето треба да се продолжи за онолку време колку што траел прекинот, и тој да не биде подолг од три часа,“

изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски, кој на последната прес конференција пред затворањето на гласачките кутии го соопшти одзивот на гласачите до 15 часот:

„Вкупниот одзив е 33,11 насто на ниво на држава, меѓутоа треба да се има предвид дека е битен одзивот на ниво на општина, не на ниво на држава.“

Додека, асоцијацијата „Мост“ која располага со најголем број набљудувачи во земјава, го соопшти одзивот на гласачите во главниот град:

„Одзивот на гласачите за Скопје во 14 часот бил 30,61 насто, во 15 часот 35,17 насто, во 16 часот 38,81 насто, а во 17 часот 42,33 насто.“
Согласно новите измени на законот за локални избори, изборите се успешни доклку на нив излегле една третина од гласачите, а не повеќе од 50 насто, како што беше на претходните избори. Според ова, очекувањата се дека над 80 насто од градоначалниците би требало да бидат избрани во првиот круг. Инаку, изборниот процес во земјава го набљудуваат над 5,000 домашни и околу 400 меѓународни набљудувачи. Тие со оценка за изборниот процес ќе излезат во текот на утрешниот ден. Првичните неофицијални резултати се очекуваат околу полноќ. Додека ДИК е задолжена во рок од три дена да ги објави конечните резултати од изборите. Граѓаните денеска избираа градоначалници во 84 општини и градоначалник на градот Скопје.
XS
SM
MD
LG