Достапни линкови

Борис Тадиќ, претседател на Србија. Косово не треба да добие независност


Господине Тадиќ, како ги оценувате билатералните односи со Македонија?

Тие непрекинато одат во нагорна линија, но имаме неколку проблеми кои се повеќе од текнички карактер. Еден од нив е обележувањето на границата, која фактички е дефинирана и неопходно е тој процес да се забрза, пред се поради обврските на Македонија кон европските интеграции, но и нашите, бидејќи многу е важно тој процес да се забрза пред почетокот на преговорите за конечниот статус на Косово и Метохија. Тој проблем секако е на оној дел од границата на Србија и Црна Гора кон Македонија кој го опфаќа делот на Косово и Метохија. Имаме извесни проблеми и во односите на двете цркви кои треба да се решат но проблемот е во тоа што, односно не е проблем туку цивилизациски факт е, дека државите немаат влијание врз црквите. Но, би било многу важно тие односи да се решат за да имаме што е можно помалку оптоварување за нашата економска соработка.

Реални ли се оценките дека демаркацијата на граничната линија во делот кон Косово може да заврши пред почетокот на преговорите за финалниот статус на Косово?

Порано или подоцна тоа ќе се случи, така што многу е важно секој да го разгледа својот интерес имајќи ги во предвид роковите и меѓународните тајминзи. Многу е важно да водиме сметка за меѓународните рокови бидејќи тие нема да чекаат на нашите национални рокови .

Кога сме кај Косово актуелно е заминувањето на Харадинај во Хаг. Некои аналитичари тоа го толкуваат и како удар за Белград?

Не значи удар за Белград туку значи забрзување на еден процес. Значи, ние ќе мора да ја одржуваме соработката со Хашкиот Трибунал на што е можно повисоко ниво затоа што тоа е наша меѓународна обврска, ако работите суштински не се сменат. Но, би било многу опасно ако заминувањето на Харадинај во Хаг биде дел од еден широк пакет кој подразбира покривање на тоа што се случуваше на 17 и 19 март минатата година, кога беше извршено етничко насилство над Србите со цел етничко чистење, што е потполно воневропски процесс и би било многу опасно кога ова заминување на Харадинај во Хаг што е и негова и обврска на Албанците и на Косовската влада, би се претворило во некое врвно остварување. Тоа едноставно е еден процесс кој мораше да се случи . Мене ми е жал што изгубивме неколку месеци имајќи во предвид дека против Харадинај имаше многу сомневања за кои јас постојано говорев пред неколку месеци. Но тие се изгуебни и сега одиме понатаму.

Дали со заминувањето на Харадинај од позицијата премиер, отворена е вратата за воспоставување контакти со косовските институции и политичари?

Јас немам никаков проблем да се видам со било кој косовски политичар кој е од албанска националност како што немам проблем да се видам со косовските политичари од српска националност па дури и да имаат различно мислење од моето. Јас имам проблем да разговарам со луѓе кои се обвинети од Хашкиот Трибунал. Ако тоа не го правам во Белград, не го правам ниту во Приштина.

Добро но пред извесно време го посетивте Косово но не се сретнавте со ниту еден политички преставник на косовските Албанци?

Причината е многу едноставна - поесетата беше од работен карактер и сакав да разгледам каква е ситуацијата на српскиот народ и другото неалбанско население на Косово. Сметам дека разговорите кои треба да ги водам со албанските политичари од Косово треба да бидат добро втемелени. Јас денес сум подготвен да се сретнам со нив и тоа му го пренесов на Сорен Јесен Петерсен, во Приштина во Белград, каде било.

Кој вашиот став за идниот статус на Косово?

Јас сум рекол многу пати Србија мора да има конструктивна и многу реалистична политика кон Косово и Метохија. Тоа подразбира ситуацијата на Косово да се анализира од сите аспекти како одржливо решение. Тоа решение не треба да биде годишно туку децениско. Јас како претседател ги почитувам легитимните национални интереси на сите кои живеат на Косово, ги почитувам и легитимните национални интереси на Албанците кои посакуваат што е можно поголема самостојност од Белград или целосна самостојност. Но, истовремено ги почитувам и националните интереси на Србите кои не сакаат независност од Белград. Јас сум подготвен да направам се за да се најде една правна рамка која ќе ги задоволи двете страни. За Србија клучно е Косово и Метохија да не добие статус на независност и сувереност со седиште во ОН, посебно не војска и Министерство за надворешни работи, бидејки тоа го одвојува нашито народ од матицата земја. Од друга страна мора да се дефинираат институционалните врски на српскиот народ со Белград. Реков, Косово не може да се врати на старото време на Милошевиќ, но по мое мислење и не треба да добие статус на независна и суверена земја.

Ричард Холбрук деновиве изјави дек федерацијата Сербија Црна Гора ќе се распадне за една година. Како ја гледате иднината на федерацијата?

Ричард Холбрук на балканот гледа праволиниски и гледа според методологијата која тој ја применуваше додека овде вршеше одредени активности. Не треба да се потценува мислењето на Ричард Холбрук, но јас имам друго мислење.

Добро кое е вашето Мислење?

Србија и Црна Гора во функционална смисла можат да бидат заедно. Ги уважувам и интенциите на Црна Гора некои од интенциите и легитимните желби да се формира и независна држава, но за тоа во Црна Гора одлучуваат граѓаните и мислам дека граѓаните ќе одлучат да остане државната заедница.

Значи ли тоа дека ќе ја почитувате вољјата на црногорскиот народ без разлика каква би била таа?

Се разбира, каква и да биде.
XS
SM
MD
LG