Достапни линкови

Бања Лука: Гојко Јанковиќ се предаде на Хашкиот трибунал


Босанскиот Србин Гојко Јанковиќ, обвинет за воени злосторства од Хашкиот трибунал за војната во Босна денеска се предаде на властите на Босанските Срби. Портпаролот на министерството за внатрешни работи на босанските Срби изјави дека Јанковиќ се предал утрово во Бања Лука. Тој рече дека преговорите за да се обезбеди неговото предавање се направени заеднички со официјални претставници на Србија. Јанковиќ бил заменик командант на воената полиција и еден од главните парамилитарни лидери во Фоча, југоисточно од Сараево за време на војната од 1992 до 2995 година.
XS
SM
MD
LG