Достапни линкови

logo-print

Фер и демократски избори


Самитот на земјите од ЈИЕ во Скопје, беше добра можност за размена на искуства меѓу лидерите од регионов и бизнисмените за поттикнување на економскиот развој на земјите, како и размена на мислења за актуелната политичка состојба во регионот. Македонија, Косово и односите меѓу федерацијата Србија и Црна Гора, беа теми што преовладуваа на маргините на самитот. Фабрицио Барбазо, генерален директор на европската комисија за приширување, со порака до македонската влада:

„Најпрвин треба да се обезбеди стабилноста во земјата, да се обезбедат слободни и фер локални избори, а како второ, треба да се засили борбата против корупцијата и да се продолжат важните реформи во јавната администрација, судството и борбата против организираниот криминал,“

рече Барбазо.

Самитот во Скопје ја собра регионалната политичка елита. Главни гости беа лидерите на Србија и Црна Гора, Борис Тадиќ и Мило Ѓукаоновиќ, како и цивилниот администратор на Косово Сорен Јесен Петерсен. Петерсен е убеден дека процесот на демаркацијата на граничната линија ќе започне пред решавањето на финалниот статус на Косово:

„Договорено е дека пред да се зборува за статусот ова прашање ќе се реши,“

рече Петерсен.

Претседателите на Србија и Црна Гора пак, беа прашани за иднината на федерацијата. И двајцата со различно мислење по ова прашање:

„Црна Гора, има можност во февруари 2006 година да организира референдум, што ќе го направи. И верувам дека по тој пат ќе дојдеме до нашата цел, а тоа е независноста,“

вели црногорскиот претседател Ѓукановиќ.

Неговиот српски колега Борис Тадиќ пак, е уверен во спротивното:

„Србија и Црна Гора во функционална смисла можат да бидат заедно. Ги уважуваме и легитмните желби на Црна Гора да се формира независна држава, но за тоа одлучуваат граѓаните на Црна Гора и мислам дека тие ќе одлучат да остане државната заедница,“

вели Тадиќ.
XS
SM
MD
LG