Достапни линкови

Бејрут: Разговори на специјалниот пратеник на ОН со претседателот на Сирија


Пратеникот на Обединетите Нации Терје Ларсен денеска од Бејрут замина за Сирија, каде што разговараше со сирискиот претседател Башар Ал Асад околу повлекувањето на сириските трупи од Либан. Асад пред една недела изјави дека повлекувањето ќе се одвива во две фази, не наведувајки прецизни датуми. Сириските трупи и денеска го продолжија повлекувањето од Либан, но таму останаа нивните разузнавачки служби.
XS
SM
MD
LG