Достапни линкови

Дејан Павловиќ, директор на скопски филмски фестивал. Императив донесување квалитетни филмови од светот


Што му беше императив на директорот на скопскиот филмски фестивал при изготвувањето на програмата на годинешното издание на манифестацијата?

Секоја година императивот е да се донесе да се донесат сите квалитетни филмови коишто се прикажуваат во дистрибуција во Европа и во светот, значи да се прикажат кај нас, пред скопската публика којашто сака филм.

За отворањето на фестивалот беше најавено и едно големо режисерско име, Питер Гинери, ќе го видиме ли него во Скопје?

Кога зборуваме за гости, основен проблем се финансиите, коишто не дозволуваат премногу опуштање во таа смисла. Меѓутоа, тој годинава ќе биде присутен и ќе одржи и мало предавање во Холидеј Ин, а во осум часот вечерта ќе го отвори фестивалот. Очекуваме и останати гости од регионот.

Како креатор на програмата, што е она што би го издвоил и препорачал на љубителите на филмот?

Тешко е да се издвојат некои филмови, мене ми се лично 90 насто блиски и премногу драги. Има филмови направени за 100 и за сто милиони долари. Имаме годинава феноменални руски филмови.
XS
SM
MD
LG