Достапни линкови

logo-print

Предизборен молк


Денеска завршува првиот дел од кампањата за локалните избори во Македонија, што ќе бидат одржани во недела. Генерална оценка е дека кампањата, измина без посебно фокусирање на локалните проблеми, со кои посебно со децентрализацијата на власта, се засегнати македонските граѓани, како и со жестоки конфронтации меѓу кандидатите, оценуваат од граганската асоцијација МОСТ:

„Граѓанската асоцијација МОСТ досегашниот тек на предизборната кампањата ја оценува како интензивна, на моменти тензична, но сепак релативно мирна. Покрај потпишаниот кодекс за спроведување на фер и демократски избори, учесниците ги кршеа и начелата на тоа што го потпишаа и дефинитно можеме да констатираме дека граѓаните на Македонија добија чувство дека се работи за парламентарни избори, а не за локални ибори,”

изјавува Дарко Алексов, претседател на МОСТ.

Изборните штабови на политичките партии пак, сметаат дека сепак во текот на кампањата понудиле доволно решенија за решавање на локалните проблеми.

„ВМРО ДПМНЕ и здружената опозиција имаше позитвина кампања, со програми кои што нудат решнија који нудат решенија и кои ќе донесат резултати за проблемите во локалната самоуправа.”

вели Сузана Бонева од здружената опозиција. Дека граѓаните имале централно место во нивната изборна кампања, потенцираат и од Коалицијата за Македонија заедно.

,,Ние се посветуваме најмногу на прашањата кои се однесуваат на локалната самоуправа и на потребите и на интересите на граѓаните.”

вели портпаролот Борис Кондарко.

Очекувањата на албанскиот политички фактор, се дека атмосферата од кампањата во која освен мегусебни жестоки пресметки не беа забележани инциденти, ќе биде пренесена и на денот на одржувањето на изборите.

,,Очекуваме процесот на гласање на 13-ти да се одвива во токму таква демократска и фер атмосфера.”

,,Иако постојат некои индиции дека може да се врши насилство на одредени избирачки места, нашата коалиција сепак очекува дека Владата ќе спроведе фер и демократски избори.”


изјавуваат Ермира Мефмети од ДУИ и Кенан Алиу од коалицијата на ПДП и ДПА.
Погледите на меѓународната заедница посебно се фокусирани на спроведувањето на овие избори, важноста за функционирањето на децентралзиација за нив е клучна компонента во процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија. Нивното внимание посебно е насочено на вториот круг од локалните избори за кои како што изјави специјалниот претставник на ЕУ во државава Микаел Салин, по традиција досега изменувал со најголем број инциденти, па оттаму и неговиот апел изборите да изменат без заплашувања и инцидетни со што ќе се создаде нов процес на политичка култура во земјава. Предизборниот молк започнува на денеска на полноќ.
XS
SM
MD
LG