Достапни линкови

Ефикасна администрација, независно судство и транспарентна безбедност неопходни за и инвестиции


На завршниот ден од дводневниот регионален самит во Скопје што има за цел да ја потенцира соработката во економијата како идна заедничка точка за развој на регионот уште еднаш беше потенцирано дека кога станува збор за земјите од Балканот во тој правец се битни остварувања и на други предуслови односно политичката стабилност и безбедност на регионот.

Во таа насока поранешниот претседавач на Европската Комисија Жак Сантер оцени дека привлекувањето на странски инвестиции во земјите од регионот на Југоисточна Европа е обусловено од три клучни услови:

,,Ефикасна и неутрална администрација, транспарентна безбедност во инвестирањето и неутрален ефиксен сиситем."

Во завршната деклрација пак што беше усвоена на Самитот во делот каде што се потенцирани обврските што треба да се остваруваат на економски план за да се достигне нивото како во европските земји се вели дека треба да се обезбеди клима за странски инвестиции, односно дека треба да има инвестиции од минимум пет илјади долари по глава на жител.

Од друга страна Балканските лидери и претставниците на Европската Унија се согласлија дека во Западен Балкан е потребно целсоно функцинирање на демократијата како и обезбедување еднакви права за сите жители. Во тој контекст порчесниот претседател на Комисијата Сантер рече дека Македонија е позитивен пример во регионот

,,Македонија е добар пример за соработка со европските институции. Македонија е успешна во процесот на асоцијација и стабилзација и има мултиетничка влада што е добар знак дека земјата на вистински начин се соочува со проблемите. Се надевам дека Европската комисија ќе даде мислење за одговорите на прашалникот, а дотогаш земјата треба да продолжи по патот на целосно интегрирање во ЕУ."

На завршницата на самитот на кој учествуваат околу 150 лидери од регионот претставници на Европската Унија и бизнисмени говореа и координаторот на пактот за Стабилност Ерхард Бусек и претседателот ан институтот за Европа Јирген Грмке, кои меѓу другото ја изразија и подготвеноста на Европа да помгне во економското заживување во регинот и во тој контекст рекоа дека на земјите од регионот им е потребен поттик, од државите од Унијата кои веќе чекореле по патот на унапредување на сопствените економии.
XS
SM
MD
LG