Достапни линкови

Ќе биде ли подобро?


Сликата за Чаир како и за секоја општина вообичено се разубавува пред секои локлни избори, советувања. Но, со новата територијална организација, во оваа општина што стана еден од адутите во политичката сцена на албанскиот блок, ветувањата меѓу жителите од македонска националност допираат само како испрекршени одгласи и тоа само во онаа мера и во онаа форма во која таа мултиетничка средина може на свој начин да ги сфати и примени:

„Не знам, не сум заинтересиран, очекувам да биде подобро.“
„Не сме запознати, има плакати, транспаренти, се на албански.“


Во меѓувреме приодот што почнува непосредно од центарот на градот и што од левата страна на Камениот мост преку Страта чаршија и Бит Пазар води кон Чаир за многу жители на градот претставува влез во посебен свет. Во етничка, во урбана и во естетска смисла. И тука главно завршува општото поимање за овој дел од градот како и љубопитноста за него. Но, не и за чаирчани кои велат:

„Се што е направено од Вардар надолу, пример Карпош, Кисела Вода, Центар, отколку тука.“

Повод пак што во Чаир меѓу жителите се фомира дух на едно општо неопределно расположение е што се менува е демографската слика на општината. Социолозите велат дека по новата територијална организација битно е општината да го најде патот и сопствено место во новиот ред на работите односно во грздот во целина:

„Особено во големите градови, дури и внатре во општините треба да има форми на самоуправа. Во овој случај се работи за модел којшто не го симулиравме, па сеуште не можам да претпоставам врска којашто треба да се воспостави за да може системот да функционира,“

вели социлогот Илија Ацевски.

Во меѓувреме во Чаир покрај општото расположение на колебање пред промените што треба да ги донесе новата децентрлизација сепак опстојува верување дека оваа општина ќе добие поквалитетен живот.
XS
SM
MD
LG