Достапни линкови

Македонија треба да го напушти фиксниот курс на денарот


Македонија полека треба да го напушти фискниот курс на денарот препорачуваат странските владини советници. Ваков став заговара словенечкиот експерт за труд и социјала Владо Димовски кој се приклучи на советничкиот тим на премиерот Бучковски.

Експертите од земјавава пак со резерва кон ваквиот став на словенечкиот експерт. Мора претходно да се изработи концепт на макроекономската политика па дури потоа да се размислува на напуштање на фиксниот курс на денарот. Професорот од економскиот Факултет Михаил Петковски со став

„Повеќепати сум се залагал за флексибилизација на курсот, ама на научно ниво. И во поранешните периоди. Поентата е во тоа дека прво треба да се направи концепт на макроекономската политика, во која смисла би се менувал или би останал ист, и на неа да се прилагоди политиката на курсот. Инаку, сето друго би било преурането.“

Досегашниот фиксен курс на денарот според Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии како сидро на макроекономската политика даде позитивни резултати но се согласува дека предолго трае држењето на фиксниот курс на исто ниво:

„Укажувањата на експертите дека треба да се премине на пофлексибилен девизен курс треба сериозно да се разгледаат, ама исто така е потребно да не се девалвираат досегашните резултати во стабилните движења во областа на цените. Одлуката треба да е добро подготвена. Освен тоа, тоа може да влијае во губење на довербата на граѓаните во владата.“

Ресорните министерства за економија и финансии засега не го коменитраат ставот на словенечкиот советник дека Македонија треба да го напушти фиксниот курс на денарот.
XS
SM
MD
LG