Достапни линкови

Вашингтон: Сирија ќе го заврши повлекувањето од Либан пред мај годинава


Амбасадорот на Сирија во Соединетите Држави Исад Мустафа изјави дека неговата земја ќе го заврши повлекувањето на своите сили од Либан пред мај годинава, за кога се предвидени во таа земја да бидат одржани парламентарни избори. Претходно, американскиот претседател Џорџ Буш уште еднаш побара Сирија да ги повлече четиринаесете илјади војници од Либан што е можно поскоро. Либанците имаат право пролетва да изберат свој парламент, осолободени од застрашувања, изјави Буш.
XS
SM
MD
LG