Достапни линкови

Грозни: Чеченските бунтовници ќе ја продолжат борбата и покрај смртта на Масхадов


Чеченските сепаратистички бунтовници соопштија дека ќе ја продолжат борбата против Московската власт во Чеченија и покрај загинувањето на нивниот лидер Аслан Масхадов. Рускиот претседател Владимир Путин, по веста дека во вчерашната акција на руските федерални сили во чеченското село Толстој Јурт бил убиен Аслан Масхадов, изјави дека останува уште многу да се стори во Чеченија. Масхадов заедно со Шамил Басаев беше еден од најбараните луѓе во Русија.
XS
SM
MD
LG