Достапни линкови

Хашкиот трибунал стои меѓу минатото и иднината на неколку балкански земји


Ретки се моментите во историјата кога судбината на многу држави зависи од Меѓународен суд. Таков денес е случајот со Балканот, каде што Хашкиот трибунал стои меѓу минатото и иднината на неколку балкански земји, се вели во денешниот напис на весникот Интернејшнл Хералд Трибјун.

Вчера, на Косово беше потврдено дека Хашкиот трибунал покренал обвинение за воени злосторства против косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Од неговата реакција, но и од реакцијата на косовските албанци ќе зависи дали обвинението ќе ја затвори или ќе ја отвори вратата за независност на Косово, се наведува во текстот на Интернејшнл Херлад Трибјун во кој натаму се посочува: Почетокот на Хрватскиот процес за влез во Европската Унија сега зависи од тоа дали Загреб може да демонстрира дека презеде се што е во негова моќ да го испорача генерлот Анте Готовина во Хаг. Министрите за надворешни работи на Европската Унија на шеснаеесетти овој месец ќе решат дали Хрватска целосно соработува со Трибуналот што е предуслов за влез во Унијата. Засега, како што оценува главниот обвинител Карла дел Понте, Хрватска не може да добие позитивна оценка. Во меѓувреме во Белград, српската влада неволно го поддржува Мешународниот трибунал. Посебно, премиерот Воислав Коштуница кој преферира да не врши притисок врз оние што се обвинети. А се додека србија не ги подобри своите оценки во Хаг, тешко дека ќе може да се надева дека ќе и биде дозволен и првиот чекор за зачленување во Европската Унија. Најголемиот тест за Белград е генерал Ратко Младиќ, наведува Интернејшнл Хералд Трибјун во кој се вели дека Трибуналот врши притисок врз Босна, стоејќи меѓу нејзиното расцепкано минато и нејзината евроатланстка иднина. Но, загрижува тоа што кај многумина во регионот расте замореноста од Меѓународниот трибунал. Тие сметаат дека тој е неефикасен и затоа бараат од меѓународната заедница да ги олесни условите за соработка со Хаг. Тоа, пак, како што наведува весникот, ќе претставува грешка. Меѓународниот трибунал не е само заради правдата, туку исто така и заради помирувањето и заради малцинствата. А токму во овие три сфери на Балканот има уште многу работа. Недостигот на грижата за малцинските прашања го зголемува сепаратизмот во регионот кој ги држи во живот радикалните националистички агенди за прецртување на границите. Хашкиот трибунал не е создаден за да ги казни балканските држави или за да им го направи потежок нивниот пат до Европската Унија, туку за да им помогне на оние што решија дека геноцидот и насилството се неприфатливи за Европа по Втората Светска Војна. Ниту пак Трибуналот е замислен како основната форма за помирување на Балканот, ако таму нема такви паралелни локални процеси, се вели во денешниот напис објавен во Интернејшнл Херлад Трибјун.
XS
SM
MD
LG