Достапни линкови

Активирани екипите за вонредни состојби


По повеќечасовните врнежи, во кои поплавени се делови од струмичкиот, валадовскиот и полошкиот регион, на удар повторно се замјоделците, на кои уште еднаш им се заканува можност од уништување на посеаните култури:

„Половина поле и повеќе е под вода, си тече вода, земјата е веќе нашмукана, не може да прима,“

вели еден жител на селото Сачево.

Со цел да ја проценат состојбата на терен, по обилните снежни врнежи, четворица министри од владата, членови на Кризниот штаб, денеска во посета на Струмица, Тетово, Валандово. Министерот за животна средина Зоран Шапуриќ кој е член на кризниот штаб вели:

„МО и МВР се спремни за евентуална евакуација на население, којашто сега за сега не е потребна. Потоа, подрачните штабови од завчера се известени да бидат во зголемен степен на готовност, како и локалната самоуправа, бидејќи во подзаконските акти, и локалните самоуправи имаат обврски.“

Приоритетна цел на тимот е да му се помогне на населението. Во меѓувреме по синоќешните врнежи од снег и вчерашните поплави, хидро метереолозите предвидуваат дека е можно ново влошување на состојбата. Цветанка Поповска, професор по хидраулика на градежниот факултет, вели дека со стоплување на времето и стопување на снегот, можни се нови поплави и излевање на реките:

„Загрижува прво состојбата со водотеците и каналите за одводнување. Затоа првите мерки треба да бидат да се направат пропустни речните корита, а потоа, долгорочно треба да се преземат и мерки со изградба на заштитни насипи од поплава. Бидејќи и оние коишто постоеја не се во функција.“

Во меѓувреме, глобалните прогнози за тоа какви временски прилики не очекуваат не делуваат оптимистички.

„Краткорочните прогнози говорат дека влажниот период ќе продолжи. А, веројатно подолгорочните прогнози, ако не престане влажниот период и ако не почне почвата да се суши и спупта нивото на подземните води може да се очекуваат вакви состојби и во летниот период. А, сето тоа може да се поврзе и само со глобалните климатски промени. Според тоа, може да не очекуваат посурови сушни периоди и влажни периоди.“
XS
SM
MD
LG