Достапни линкови

Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска поднесе оставка откако во Приштина беше обелоденето дека тој од Хашкиот трибунал е обвинет за воени злосторства. Тој како што најави, утре ќе замине за Хаг за да се соочи со обвинието.

Јас сум невин, изјави косовскиот премиер Рамуш Харадинај по денешната итна седница на владата на која соопшти дека поднесува оставка на функцијата.
Тој ги повика жителите на Косово да го сочуваат мирот и да продолжат со остварувањето на стандардите кои ќе доведат до, како што рече, независно Косово. Харадинај одби да дискутира за обвинувањата против него. Досега јавно не е соопштено за што ќе одговара Харадинај.

,,Обвинувањата против него се уште се запечатени и ќе бидат објавени кога тој ќе стигне во Хаг."

Изјави Флоренс Хартман, прортпаролка на главниот хашки обвинител. Според она што го истражуваа претставници на Хашкиот трибунал, станува збор за неговата улога во периодот деведесет и осма, деведесет и девета година кога тој беше командант на ОНА која се бореше против српските сили на Косово. Во Приштина денеска УНМИК упати повик до поширокиот персонал да не дојде на работа. Портпаролот на УНМИК Хуа Џијанг објасни дека тоа било поради тековната полициска операција во Приштина. Инаку, според некои косовски медиуми, во Приштина итно биле упатени дополнителни петстотини британски војници.
XS
SM
MD
LG