Достапни линкови

Либан: Забележно движење на сириските трупи


Новинските агенции од Либан јавуваат дека се забележува извесно движење на сириските трупи еден ден по договорот меѓу претседателите на Сирија Башар Асад и на Либан Емил Лахуд дека сириските трупи ќе се повлечат и разместат во долината Бека на исток на Либан до крајот на месецов. Во реакцијата на Белата Куќа се бара неодложно и целосно повлекување на сириските војници и разузнавачи од Либан. Инаку по серијата анти сириски протести во главниот град на Либан, денеска во Бејрут започнаа и демонстрации од страна на Хезболах во знак на подршка на владата во Дамаск.
XS
SM
MD
LG