Достапни линкови

Традиционални прослави и ден за откачување


Социјално економските состојби во земјава, односно паѓањето на стандардот и невработеноста кај граѓаните предизвикува размислување, дека можеби е потребна промена во досегашниот стил на празнувања на овој ден:

,,Во овие услови веќе не е така, нема расположение."
,,Голем дел од луѓето се без работа, со мали плати,"


Но, спроти овие размислувања, праксата покажува поинаква слика. Во пресрет на денот кој вообичаено подразбира трошење пари за еден ден славење во кафеана или пак патување, во дел од туристичките агенции, аранжманите за празникот веќе се продадени. Еве што велат во една скопска туристичка агенција:

,,Имаме еден автобус Будимпешта, еден Романија, еден Италија, Париз и Истанбул. Тие се веќе продадени и луѓето веќе заминати."

Туристичките работници велат дека сумата на аранжманите се движи во согласност со индивидуалниот стандард на граѓаните:

,,Најниската цена е 95 евра, за Будимпешта, а највисоката 395 евра за Париз."

Дека традицијата за опстојување на празникот продолжува, покажуваат одговорите на оние граѓани што нема да одат на патување, но нема да се откажат од славење во кафеаните. Еден соговорник, во одбрана на традицијата на славењето на празникот на жената вели:

,,Со оглед на финансиската ситуација, луксуз е, ама ја продолжуваме традицијата, се договоривме со жените од СЖМ, 1,200 денари е комплет вечера. Еден ден во годината можеме да си дозволиме едно мало задоволство. Да се провеселиме малку, кај сме напнати со други проблеми, барем тој ден малку да се откачиме."
XS
SM
MD
LG