Достапни линкови

Сообраќајот се одвива отежнато


Денеска речиси никој не стигна на време на работното место. Новите обилни врнежи од снег кои ја зафатија Македонија, повторно го парализираа сообраќајот низ целата земја. Улиците во главниот град се покриени со снег, а дежурните служби почнаа со нивно расчистување. Од АМСМ, велат дека сообраќајот се одвива отежнато низ целата република. Оттаму препорачуваат внимателно возење. На граничните премини нема подолги задржувања. Аеродромот Петровец, за сега, работи без никакви проблеми.

,,Сообраќајот се одвива со потешкотии, особено планинските превои,"

вели Владимир Печијарев од АМСМ.

Од управата за хидро метереолошки работи информираат дека најобилни врнежи од снег ќе има во западниот дел од земјава:

,,До крајот на денот времето ќе биде облачно, ќе има интензивни врнежи од снег во западниот дел од земјава, а во југо западот ќе има врнежи од дожа и снег."

Но, за среќа, вели дежурниот синоптичар Ивана Петровиќ:

,,Во вечерните часови врнежите ќе престанат, така што во текот на утрешниот ден ќе преовладува сончево време со умерена облачност, но студено. Утринските температури наместа ќе се спуштат до минус десет степени. Ново наоблачување не очекува во сабота."

Најмногу снег има во зимските центри.
XS
SM
MD
LG