Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Израел ја обвини Сирија за вмешаност во терористички активности


Шефот на израелската дипломатија Силван Шалом ја обвини Сирија дека е вмешана во терористички активности и повторно побара повлекување на сиријските сили од Либан. Сиријците се опасни и секогаш се вмешани во терористички напади врз Израел, од една страна и против американците во Ирак од друга, изјави Шалом кој додаде дека Сирија прави се за да не ја почитува Резолуцијата 1559 на Советот за безбедност. Најавата на сирискиот претседател за повлекување на војниците од Либан, според Шалом, е само шминка, а како што рече, тоа е неприфатливо.
XS
SM
MD
LG