Достапни линкови

logo-print

Киев: Кучма се враќа во Украина по веста за самоубиството на екс министерот за внатрешни работи


Поранешниот украински претседател Леонид Кучма изјави дека се враќа во земјата по веста дека поранешниот министер за внатрешни работи Јуриј Кравченко се самоубил пред неговото сведочење во врска со убиството на новинарот Хеорхиу Гонгаѕе. Кучма кој е на одмор во чешкиот град Карлови Вари изјави дека е невин и оти е подготвен да разговора со истражните органи на Украина. Кучма и порано ги отврлаше обвинувањата дека е одговорен за киднапирањето и убиството на Гонгазе поради тоа што пишувал за корупцијата на тогашниот режим.
XS
SM
MD
LG