Достапни линкови

Рим: Италјанската новинарка Џулијана Згрена се врати дома од Ирак


Италијанската новинарка Џулијана Згрена денеска пристигна во Рим, јавуваат агенциите. Таа претходно ја напушти болницата во Багдад по лесните повреди здобиени откако американските сили стрелале врз нејзиното возило. Во нападот загинал нејзиниот телохранител кој, како што се наведува, скокнал пред нејзе за да ја спаси од куршумите. Џулијана Згрена која повеќе од еден месец беше во заложништво на ирачките бунтовници вчера беше пуштена на слобода, по што дојде до нападот на американските војници. Американскиот претседател Џорџ Буш во телефонски разговор со италијанскиот премиер Силвио Берлускони изразил жалење за инцидентот.
XS
SM
MD
LG