Достапни линкови

МВР задоволна од досегашната соработка со земјите од регионов


МВР задоволна од досегашната соработка со земјите од регионов во спречувањето на организираниот криминал. Потпишани се договори за билатарална соработка во областа на организираниот криминал со сите соседни земји, информира попртпаролот Горан Павловски:

,,Битно е да се истакне дека организираниот криминал честопати ги надминува границите на државава, па потребна е соработка со соседните земји. МВР остварува одлична соработка со овие земји, а договори за реадмисија и соработка има потпишано со вкупно десет земји од регионот и ЕУ.”

Неодамна ова министерство формира и посебна единица за борба против организираниот криминал, ефикасноста во откривањето на овие случаи се зголемува вели Павловски:

,,Се работи за сузбивање на сите видови нелегална трговија, економски криминалитет, перење пари и други видови корупција. Забележано е двојно зголемување во откривањето на корупцијата, односно откриено 31 кривично дело. Значи кривично дело примање и давање поткуп. Во областа на трговијата со луѓе и нелегална миграција регистрирани се 72 случи и приведени 121 лице.”

Инаку Македонија, пред се, се користи како земја транзит или дестинација на патот на дрогата и трговијата со луѓе, што прдонесува таа да стане неопходна алка во синџирот за борба против организираниот криминал.

Последните податоци од јавното обвинителство велат дека само за една година во земјава се откриени и пријавени 272 лица кои пренесувале и препродавале дрога, 40 лица биле пријавени за трговија со луѓе, а дури 690 ја злоупотребиле службената положба и овластување.

Ораганизираниот криминал и соработката во таа област е неизбежна тема претседателите на земјите и владите од регионов. Претседателот Бранко Црвенковски на последната средба со црногорскиот колега Филип Вујановиќ ја потенцираше потребата продолжување на соработка во борбата против организираниот криминал

,,Добра е соработката помеѓу министерствата за внатрешни работи и веќе има добри резултати во заеднички акции и операции и сметаме дека таа операција треба да продолжи и во наредниот период.”

Државните органи, и покрај сите напори кои се преземаат на овој план признаваат дека се потребни дополнителни мерки за стекнување поголема ефикасност.
XS
SM
MD
LG