Достапни линкови

Отворање македонски конзулат во Подгорица


Билатералните односи меѓу Македонија и Црна Гора се на исклучително високо ниво, а тие ќе бидат и поквалитетни со отворање на конзулатот на Македонија во Подгорица, што ќе се случи наскоро. Ова е заедничка оценка на претседателите на Македонија и Црна Гора Бранко Црвенковски и Филип Вујановиќ, по денешната средба во Охрид. Двајцата претседатели се согласија дека во иднина треба да се работи на подобра економска соработка, при што треба да се искористат можностите на транспортниот коридор низ Косово:

,,Оценивме дека една иницијатива којашто беше преземена пред две години два резултати, тоа е транспорниот коридор низ Косово и она што сега пред туристичката сезона треба да се направи е да обезбедиме безбедни, сигурни и авионски и автобуски линии, во двата правци, а се со цел да им овозможиме на граѓаните и на Македонија и на Црна Гора да може да стигнат до саканите дестинации,"

изјави претседателот Црвенковски.

Црногорскиот претседател Вујановиќ најави дека наскоро ќе биде отворена директна авионска линија на релација Скопје - Тиват - Подгорица што би овозможило зголемување на борјот на туристите меѓу двете земји. На средбата било разговарано и биле искажани блиски ставови и за регионални прашања, како што е прашањето за финалниот статус на Косово. Во врска со иницијативата на Подгорица за редефинирање на сегашната унија меѓу Србија и Црна Гора и формирање на сојуз на независни држави, Црна Гора со став дека Македонија ќе го поддржи секој добар договор меѓу Подгорица и Белград што е во функција на стабилност и демократски развој во регионот. Вујановиќ рече дека реакциите на властите во Белград биле различни

,,Она што беше наш мотив беше да понудиме најквалитетен модел на соработка, што овозможува независност и суверенитет на двете држави преку елиминиање на недостатоците на нашата унија со Србија што се евидентни."

рече Вујановиќ.
XS
SM
MD
LG