Достапни линкови

logo-print

Пари или идеологија


Партиите во Македонија, можност за полесно стекнување на богатсво, или идеологшка ориентација. Некои од партиските членови велат дека идеологијата е пресудна за нивната определба:

,,Член сум на политичка партија од 90 година, заради идеологијата, нема други причина"

Граѓаните пак сметат дека партиите се само можност за остварување на сопствените инетерeси

,,Многу малку заради идеологија, туку заради лични интереси, нормално."
,,Сигурно заради личен интерес."


Професорот од Правниот факултет Горги Иванов вели дека кај нас левицата и десницата не се разликауваат од другите пост комунустички земји, а се многу далеку од европските партии.Вмро дмпне е десничарска народна партија произлезена од дијаспората, а пак СДСМ е левичарска партија со граганска ориентација која потекнува од комунистичката партија.

,,Доколку ја следите логиката и идеологијата на левицата, нашата левица го нема линкот со работничкото движење. Нема линк со синдикатот. Ние сеуште имаме административен социјалистички синдикат, а не вистински синдикат како во развиените демократии. Така што, смешна е споредбата кога сакате да кажете дека нашата левица е левица, а десницата – десница."

Тито Петковки од СДСМ смета дека партиите кај нас воопшто не работат на своето идеолошко ориентирање

,,Тие се во некоја континуирана борба за власт преку избори. Така што фокусот е на освојувањето на власта."

Десницата пак, односно ВМРО Дпмне како национална партија се повеке наликува на граганска вели професорот Иванов

,,Кај дел од нив опаѓа национализмот и се профилираат во конзервативни партии."

Академик Никола Кљусев од ВМРО вели дека партијата се наоѓа во идеолошко фотмирање

,,Идеологијата на ВМРО не е доволно издефинирана, таа е во еден процес на градење. Да се надеваме дека во таа идеологија ќе станат мутации, затоа што не можеме ние да живееме само со голи идеи."
XS
SM
MD
LG