Достапни линкови

МПЦ добила писмо од СПЦ за обновување на дијалогот


Српската Православна Црква со писмо испратено до Македонската Православна Црква побарала обновување на дијалогот за решавање на стаусот на нашата црква, вели за Радио Слободна Европа портпаролот на МПЦ, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.

,,Има писмо од нивна страна во кое што се бара средба. Дали дијалогот ќе започне денес или утре не можам да зборувам, ама има сигнали дека нема да помине долго кога двете цркви ќе седнат на заедничка маса.”

Последниот контакт меѓу двете цркви беше есента во октомври кога МПЦ побара стапување во литургиско едиснтво со СПЦ, но таквата намера се до овој момент не се оствари. Во тој период САД го признааа утсвното име на нашата земја по што црквата оцени оти е подобро да се почека со очекуванато зајакнување на меѓунродната положба на Македонија во однос на името што позитивно би се одрзаило и на релацијата Белград-Скопје-Атина. Според црковни извори, доколку се случи средбата таа ќе биде во светлина на признавањето на уставното име од страна на САД и околу евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција за прифтливо решение меѓу двете земји.

,,Мислам дека денеска и кај другите страни мислам дека им опаѓаат позициите на таа крута линија, колку Македонија се зацврстува на меѓународен план, толку притисоците ќе бидат послаби,”

Доколку се случи средбата остнува отворено прашањето дали може да се очекува нешто повеќе и разлицно од повторувањето на старите тврдокорни ставови на СПЦ врзани со статусот на МПЦ бидејќи МПЦ останува на ставот афтокефална Македонска Православна црква

,,Се е отворено, и статус и име и афтокефалност, има многу отворени нешта, ама на крајот се се сведува на име. Само преку дијалог може да се надминат недоразбирањата.”

Инаку, писмото доаѓа во период пред одржување на големиот мајски собор на СПЦ за кога постојат најави дека Синодот на таа црква ќе ја прогласи православната охридска архиепископија на Јован Врнишковски за автономна црква во Македонија. Тоа според извори во МПЦ доплнително би ги ископмликувало црковните состојби меѓу Скопје и Белград.
XS
SM
MD
LG