Достапни линкови

Употребата на знамињата и овој пат проблем


Пркршочни пријави против партиите што истакнуваат знамиња на туѓи држави ќе има најавуваат од МВР, но откако ќе се исцрпат и другите напори за да се убедат албанските партии да не го истакнуваат знамето на Република Албанија на нивните јавни настапи за време на изборната кампања. МВР ќе дејствува во согласност со постоечката законска регулативе иако е најавено донесување нов за употреба на знамињата.

На ваквите најави очекувано реагираат преставници на албанските политички партии во земјава. Се работи за национално, а не знаме на туѓа држава велат во опозициската ДПА и владеачката ДУИ.

За Илјаз Халими од ДПА реакциите на МВР не се воопшто изненадувачки, тие дури можат да преземат и репресивни мерки вели тој:

,,Кај нас нема посебен закон за начинот како треба да се употребува знамето. Може да се очекува се и репресивни мерки, тоа не е чудно за оваа коалиција.”

Дека треба да се чека на донесување нова законска регулативе за употреба на знамињата посочува и Рафиз Халити од ДУИ.

,,Јас мислам дека прво треба да се донесе законот за употреба на знамињата, а потоа ако не се употребува и државното знаме да може да се казнат партиите што не го употербуваат државното знаме.”

Најавите за прекржочни пријави од МВР доаѓаат во погрешно време и можат а предизвикаат тензии на меѓуетничка основа вели Илјаз Халими

,,Сметам дека на ваков начин, во ова време, може само да се заоструваат меѓуетничките односи и сметам дека ова не е начинот, ниту времето за дејствување на таков начин.”

Во ВМРО ДПМНЕ сметат дека невкусно е да се употребуваат симоболи на туѓИ држави во една суверена земја

,,Се работи за локални избори, каде што политичките партии треба да настапуваат со своите партиски знамиња и политички слогани.”

вели портпаролот Алксандар Бичиклиски

Инаку како обврска од Рамковниот Договор на владата и собранието им преостанува до ги усвојат уште законот за употреба на знамињата на заедниците и употребата на јазиците.
XS
SM
MD
LG