Достапни линкови

logo-print

Лондон: Меѓународна конференција за реформите во палестинската управа


Во Лондон се одржува меѓународна конференција посветена на реформите во палестинската управа. Британскиот премиер Тони Блер, кој е домаќин на состанокот, изјави дека дебатата е фокусирана врз унапредувањето на палестинските безбедносни сили и на политичките институции. На конференцијата, покрај палестинскиот лидер Махмуд Абас, учествуваат генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.
XS
SM
MD
LG