Достапни линкови

Остри критики за Иран, Сирија, Саудиска Арабија, Русија и Кина


Соединетите Држави остро ги критикуваат Иран и Сирија поради сериозни кршења на човековите права, но и Саудиска Арабија, Русија и Кина. Во извештајот на Стејт Департментот за состојбата со човековите права во светот се регистрирани прекршувања и во повеќе други земји во светот, но се почесто се поставува и прашањето зошто Вашингтон не превзема мерки, особено во државите со кои настојува да развие воена и економска соработка.

За време на објавувањето на извештајот беше поставено прашањето дали Соединетите Држави ги игнорираат кршењета на човековите права во Кина во интерес на унапредувањето на билатералните односи. Мајкл Козак, помошник секретар за демократија и човекови права, ги отфрли таквите обвинувања.

,,Има многу луѓе кои, на пример, мислат дека со нашите напори да создадеме сојузници во Централна Азија, престанува критицизмот за човековите права. Всушност се случува спротивното, стануваме уште поактивни во подршката на луѓето таму, кои бараат промени.”

Администрацијата на претседателот Џорџ Буш го користи извештајот за човековите права за промовирање на демократијата во светот, оценува Рос Готмилер, аналитичарка од Карнеги Институтот, наведувајки го примерот од последниот американско – руски самит во Братислава.

,,Соединетите Државис е обидуваат да ја промовираат својата политика, јасно кажувајки ги своите стандарди и неопходноста од демократски реформи во земјите во светот. Буш беше јасен на средбата со Путин во врска со демократијата, но истовремено продолжува и соработката.”

Сепак, постојат и мислења дека Соединетите Држави можат да направат многу повеќе за да се почитуваат човековите права во земји, како на пример Узбекистан, без притоа да ги нарушуваат билатералните односи. Алисон Гил од Хјуман Рајтс Воч наведува дека пред војната во Авганистан, Соединетите Држави ја добија на располагање узбекистанската територија, па сега попустливи спрема претседателот Ислам Каримов.

,,Американското влијание во регионот, вклучувајки го и Узбекистан, е меч со две острици. Од една страна, поради добрите американско – узбекистански односи, Соединетите Држави стануваат се повлијателни, но од друга страна, Вашингтон не го користи доволно тоа влијание за да не ги наруши односите.”

Гил го наведува примерот кога американскиот Конгрес поради лошите човекови права, на Узбекистан му ја ускрати помошта од 18 милиони долари, но од друга страна Пентагон ја анулира санкцијата со доделување 21 милион долари воена помош за Ташкент.
XS
SM
MD
LG