Достапни линкови

Девојка за милион долари најдобар филм


,,И Оскарот оди за Клинт Иствуд за Девојка за милион долари.”

Соопшти актерката Џулија Робертс на синоќешното седумдесет и седмо доделување на најпрестижната холивудска награда Оскар. Во филмот Девојка за милион долари е раскажана приказната за една боксерка. Го режираше легендарниот актер Клинт Иствуд кој го освои Оскарот во категоријата најдобар режисер кој притоа изјави:

,,Тоа беше прекрасна авантура. Ни требаа триесет и седум дена да го снимиме и се се одвиваше како добро подмачкана машина. “

Главната актерка во овој филм Хилари Свенк ја понесе наградата за најдобро женско остварување.

,,Не знам што се сторив во овој живот за да го заслужам сето ова. Никогаш не верував дека ќе ми се случи.”

За најдобар актер пак е прогласен Џејми Фокс за биографскиот филм за музичарот Реј Чарлс. Авијатичарот на режисерот Мартин Скорциз во кој главната улога ја игра Леонардо ди Каприо доби Оскари во други пет категории, вклучувајќи ја и онаа за најдобро споредна женска улога која ја освои австралиската актерка Кејт Бланшет.. Шпанскиот филм Во морето го доби Оскарот за најдобро остварување од неанглиското говорно подрачје.
XS
SM
MD
LG