Достапни линкови

Економски бум на Кина и зголемена консумација


Со децении Соединетите Држави консумираа лавовски дел од светските ресурси, но сега ситуацијата се менува брзо како што напредува кинеската економија. Според извештајот, Кина веќе ги надмина Соединетите Држави во тоталната косумација на храна, енергија, освен во нафтата. Економскиот бум на Кина ја потхрани и потрошувачката на услугите во земјата, јавува Антоан Блу.

Во јужно кинескиот град Гуангџу постои клиника за лечење на ќелавоста . Се поголем е бројот на работниците од растечката средна класа кои даваат од 240 до 360 американски долари за пресадвување коса. Ова за ТВ Ројтрес го потврди консулататот во оваа болница Хоу Хсианзенг.

„Кинезите навистина обрнуваат внимание на изгледот и на косата, особено откако животниот стандард се подобри. Во минатото кога општеството беше сиромашно, тоа не беше така важно. Но со стандардот важен е и изгледот.“

Приходите по глава на жител во Кина ,според податоците, во 2003 порасна за 7 пати во однос на 1978. Економскиот растеж минатата година изнесуваше 9,5 проценти и тоа се одрази на животниот стандард. Дејвид Веб е специјалист за Кина во Лондонскиот Економист интелиџент јунит. Тој за Радио Слободна Европа изјави дека брзиот економски развој придонесе за појава на средна класа работници во Кина, особено во нејзиниот источен крајбрежен дел.

„Таму има многу луѓе со пари за трошење. Побарувачката на автомобили се зголеми на 2,4 милиони во 2004 година, а пред 10 години едвај некој да имаше автомобил во Кина. Се повеќе кинези можат да одат на прекуокеански патувања. Во 2004 година 29 милиони кинези патуваа во светот. Тоа е зголемување за 42 насто на годишно ниво.“

Според извештајот на Институтот за светската политика, Кина го презема од Соединетите Држави приматот во консумацијата на ресурсите, еден по еден. Лестер Браун е претседател на Вашингтонскиот Институт за природна средина.

„Ако ги погледнеме базичните нешта како житариците, месото, маслото, јагленот и челикот - Кина станува центар на светскиот пазар со материјали.“

Користењето на челикот, што се зема како барометар за индустриски развој, сега покажува дека Кинезите го користат два пати повеќе од Соединетите Држави. Кина води и во користењето на алуминиум и бакар. Натаму, кинеските домови и фабрики согоруваат 40 проценти повеке јаглен отколку американските. Меѓутоа Соединетите Држави трошат три пати повеќе нафта од Кина. Кинезите од друга страна го преземаат и водството и во трошењето на добрата како што се фрижидерите. Напредок има и кај мобилните телефони и телевизори. Но кога на крајот, како што барем сега стојат работите, ке се пресметаат разликите со Соединетите Држави според пер капита односно по глава на жител, тие се сеуште огромни. Имено кинескиот годишен пер капита е 5300 долари, односно една седмина од американскиот приход по глава на жител кој изнесува 38 илјади долари.
XS
SM
MD
LG