Достапни линкови

Јазот меѓу железничарите и владата се продлабочува


Јазот меѓу железничарите кои од петокот штрајкуват со прекин на сообраќајот во државава и во странство и владата која не прифати да обезбеди поголема опремнина на 755 луѓе колку што во „Македоснки железници“ се прогласени за технолошки вишок станува се подлабок. Изложеноста на притисоци од раководството за разбивање на штрајкот и засилениот надзор од полицијата денеска внесе дополнителен револт во синдикатот и радикалирање на нивните чекори

„Веројатно некој чека да направиме некој инцидент за да дојде до прекин на штрајкот. Вработените имаат страшни притисоци од страна на менаџерскиот тим, буквално во секоја службена просторија има присутни припадници на МВР, затоа се одлучи да се почне штрајк со глад,“

вели Марјана Ристевски претседател на незвисниот синдикат кој доби отказ бидејќи раководството на претпријатието врз него ја префрли одговорноста за органзирање на штрјкот. Поради слични причини однсно овозможување на блокадата на возовите отказни решенија се подготвени уште за 40 рабоници кои не беа на списокот на отпуштените .

„Тие прават последен обид да ги зачуваат своите фотељи. На граничниот премин Табановце, сите вработени одбија да работат, шефот отишол и земал тој да работи.“

Прекинот на сообраќајот во државава и кон странство во меѓувреме резултира со хаос на граничните премини каде за ислез чекаат меѓунродни товарни возови.

Штетите се големи и се процнуваат. Но, во илустрација на нивната висина говори податокот од сумата од над 256 илјади евра колку што чинеше загубата од четири дневниот штрајк на желзничарите во почетокот на месецот.

Сепак, владата каде денеска повторно на маса се разгледуваат барањата на синдикатот и покрај големите суми од штетите што се прават со штрајкот досега не процени дека парите што се одлеаја од запирањето на возовите може да се пренаменат во плаќање на опремнината што ја бараат отпуштените работници туку остана на ставот дека нема да исплати повеќе од 12 плати.
XS
SM
MD
LG