Достапни линкови

logo-print

Багдад: Фатен полубратот на Хусеин


Ирачката влада изјави дека полубратот и поранешниот советник на Садам Хусеин е фатен во Ирак. Сабави Ибрахим Ал Хасан Ал Тикрити, беше на 36-тото место на американската листа на 55 најбарани Ирачани. Пред неколку месеци, привремената ирачка влада соопшти дека Ибрахим е еден од најмалку двајцата поранешни членови на Баат партијата, кои раководат со анти-американските бунтовници. Инаку во ирачкиот град Мосул, денеска беше пронајдено тело на женски ирачки телевизиски новинар на телевизијата Ниневет, што е финансирана од Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG