Достапни линкови

Централните банки се повеќе купуваат евра за чување на девизните резерви


Со години Централните банки низ светот своите девизни резерви ги чуваа во американски долари. Сега, се појавија сигнали дека тие ќе се откажат од доларот поради тоа што во изминативе три години неговата вредност во однос на еврото постојано паѓа. Експертите предвидуваат дека ваквиот тренд ќе продолжи и оти тоа ќе придонесе и за натамошно паѓање на вредноста на доларот.

Почна во Русија. Тамошната Централна Банка во изминативе неколку години го има намалено доларскиот дел од своите девизни резерви. Потоа Индонезија рече дека ќе го стори истото, а деновиве гувернерот на Централната Банка на Бахреин изјави дека еврото станува валута за чување на девизните резерви. Постојат и некои наводи дека Јужна Кореа наскоро би можело да го продаде делот на девизните долари што е во долари. Аналитичарот Aшраф Лаиди од Њујорк вели дека се поочигледен станува трендот своите девизни резерви земјите да ги чуваат и во други валути, а не како досега само во долари:

„Тоа покажува колку Централните банки не сакаат резервите да ги чуваат во валута која во изминативе три години загуби триесет насто од вредноста. Затоа е сосема разбирливо што сакаат да се врзат за нешто која не ја губи вредноста.“

Експертите сепак додаваат дека засега е тешко да се каже колкав е тој тренд во реалноста. Имено, Централните банки обично ги кријат ваквите информации. Сепак, во последното истражување во врска со ова се наведува дека многу национални банки нивните девизни резерви ги држат во евра. Тоа значи дека банките веќе не купуваат долари, но и американски хартии од вредност.

„Русија пред две години скоро деведесет насто од девизните резерви ги држеше во долари. Денес тој процент е под осумдесет насто. И многу други централни банки го прават истото.“

вели Aшраф Лаиди. Сепак, едно е јасно, не сите банки се решени да го променат делот од доларските резерви. Јапонија која е најголемиот странски поседник на американски хартии од вредност, соопшти дека нема намера да преземе таков чекор. Како и да е, секое такво менување, според експертите, предизвикува опаѓање на вредноста на доларот, а со тоа и зголемување на важноста и кредибилноста на еврото. Но, како што вели професорот по економија на Универзитетот во Лидс Малколм Соер, ќе треба да мине многу време за да дојде до тоа еврото да го замени доларот:

„Можеби за десет или дваесет години доларот и еврото ќе имаат ист статус. Тој процес ќе потрае. Се уште најголемиот дел од меѓународните зделки се одвива во долари, а цените на многу работи, како на пример нафтата се изарзува во долари. Мислам дека американската валута уште долго време ќе го држи ваквиот статус, иако поради се посилното присуство на еврото, таа доманиција нема да биде така голема.“

Вели професорот по економија малколм Соер.
XS
SM
MD
LG