Достапни линкови

Класичен, неинвентивен стил


Помина првата четвртина од изборната кампања, што овојпат ќе трае пократко од вообичаеното и речиси општ впечаток е дека почетокот е прилично млак. Нешто поинтересни за медиумите беа само првите ботанички препукувања на кандидатите за градоначалник на Скопје околу тоа дали во главниот град има подобри услови за одгледување на калинки или на палми. Прв нешто поостар настап имаше штабот на актуелниот градоначалник Ристо Пенов, кој донел одлука веќе да не се занимава со обвинувањата што доаѓаат од неговиот противкандидат Трифун Костовски. Според нив, тој не е независен, туку зад него стои Љубчо Георгиевски, кој игра некоректно и сака да го искористи Костовски

„Тој ги изгуби парламентарните избори, битката во ВМРО-ДПМНЕ, победата на Трифун Костовски е последната шанса Љубчо Георгиевски да се врати во политиката,“

вели Андреј Жерновски од таборот на Пенов.

Во меѓувреме, изборните штабови на партиите, коалициите и независните кандидати веќе ги сумираат првите впечатоци. Во здружената опозиција се задоволни од првиот дел на кампањата и од посетеноста на нивните митинзи:

„Имаме позитивна кампања, на којашто нашите кандидати ги истакнуваат предностите и решенијата што ги нудат во развој на локалната самоуправа,“

истакнува Силвана Бонева

Во блокот партии на Албанците главниот акцент е фрлен врз поголемите градови со мнозинско албанско население. Владеачката ДУИ последна влезе во предизборната трка и според потпретседателот Рафиз Алити:

„Ќе се претставиме со наша работа и со тоа што планираме во иднина да работиме, нема да обрнуваме внимание што ќе кажува нашата опозиција“

А опозицијата, во случајов коалицијата меѓу ПДП и ДПА, меѓу другото и ќе ги потчепнуваат партиите на власт:

„Коалицијата најмногу ќе се задржи најмногу на локалните проблеми и ќе ги потсети граѓаните за компромитирачката политика што ја спроведува владеачката коалиција,“

вели Кенан Алиу од ПДП.

А што ќе биде пресудно за граѓаните при нивниот избор?

„Нивните дела, тоа што го направиле.“
„Се ветуваат ништо не остваруваат.“


И какви се нивните искуства од претходните избори?

„Кога беа избори, донесоа контејнери, поминаа изборите, дојдоа, ги собраа контејнери, сега немаме ниту контејнери.“

Слични искуства имаат и новинарите, кои во овие дваесетина дена, освен ретки исклучоци, имаат убава можност да контактираат со љубезни и достапни портпароли и претставници на партиите.
XS
SM
MD
LG