Достапни линкови

Владата и ММФ му мислат добро на работникот


Владата и меѓународниот монетарен фонд му мислат добро на работникот и затоа нема потреба тој да се плаши, ниту од реформите, ниту од измените во законот за работни односи е пораката која на крајот од преговорите на вработените во Македонија им ја испрати директорот на ММФ за овој регион Франек Розвадовски.

„Реформите за кој разговаравме со владата ќе создадат пазар на работна сила, што многу подобро ќе функционира, со повисока вработеност и повисок степен на легални вработувања. Мислам дека она што е добро за работната сила е да се има економија што работи добро и создава работни места.“

На ваквиот став на Розвадовски од синдикатот со коментар.


„Тоа што Розвадовски го нуди нема никаква разлика од она што се нуди во јужно американските и азиските држави, а ако таму видиме каков стандард и права имаат работнциите, тогаш ни е многу јасно што господинот Розвадовски нуди,“

вели Пеце Ристевски претседател на гранковиот синдикат на металурзите енргетичарите и рударите. Со ММФ се договоривме да изработиме современ закон за работни односи што ќе ги надмине аномалиите на претходниот систем, а ќе одговори на потребите за создавање на поволна бизнис клима е ставот на министерот за финансии Никола Поповски:

„Во интерес е на вработените и на работодавците да се има современ закон.“

Од синдикатот со потсетување до Поповски. Дека не е до законот, туку до системот.

„Словенија, којашто излезе од СФРЈ, како и ние, и ден денеска има социјалистички закон, а тој социјалистички закон не бил пречка за големи странск иинвестиции и да биде таму каде што е сега, во ЕУ.“

Она што е сигурно е дека владата ќе го донесе законот без да го чека усогласувањето на ставовите меѓу двата социјални партери, работниците и бизнисмените:

„Ако социјалните партнери ги оставиме да се договорат, мислам дека до 2010 нема да донесеме закон.“

Донесувањето на законот за работни односи е условено со одбрувањето на аранжманот кој по 15 дневните преговори начелно го договорија двете преговарачки страни.
XS
SM
MD
LG