Достапни линкови

logo-print

Европа меѓу потребата од квалификувана работна снага и ослободувањето од нелегалните имигранти


Имиграцијата продолжува да биде ,,жешка,, тема во многу европски земји, а тие со неа се справуваат на различни начини. Данскиот премиер беше ре-избран, меѓу другото и поради неговите анти-имиграциски мерки. Британија неодамна откри планови да ја отежне имиграцијата на неквалификуваните странци кои доаѓаат да работат во земјата. Но, во истовреме, Шпанија понуди амнестија за близу еден милион илегални работници.

Долги редици странски работници стојат пред шпанските бироа за вработување, обидувајќи се да ја искористат амнестијата за нелегални имигранти. За да се квалификуваат тие мора да имаат работен договор, чисто криминално досие и доказ дека биле во Шпанија во последните шест месеци. Еден латино-Американец во Барцелона изјавува:

,,Имам малку повеќе доверба поради документите што ми ги даде шефот“

Аменстијата во Шпанија е спротивна на имиграциските планови откриени истовремено во Британија. Таму, британскиот министер за внатрешни работи Чарлс Кларк ги објави плановите што ја отежнуваат имиграцијата за неквалификуваните мигранти кои доаѓаат да работат во Британија.

Останатите земји членки на Европската Унија исто така направија или разгледуваат промени во нивните имиграциски правила. Германија оваа година го олесни влезот на одредени квалификувани работници. Холандија планира воведувување тест за познавање на холандскиот јазик за новите имигранти. Двете земји ја критикуваа одлуката на Шпанија за амнестија, изјавувајќи дека таа ќе привлече повеќе илегалци. Во меѓувреме, во Франција се дебатира за воведување квоти за одредени квалификувани работници. Серџо Кареро од центарот за европски прашања во Брисел изјавува:

„На национално ниво, овие прашања се многу чувствителни и исто така можеме да видиме случаи кога се употребуваат од политичарите за националните избори. Можеме да видиме дека на ниво на Европската Унија е тешко да се постигне заеднички договор на оваа тема.“

Потезите на земјите членки на ЕУ можеби изгледаат различни, но имаат слична цел, тврди Рисзард Пиотровиц, миграционен експерт на Универзитетот од Велс:

„Британија и Шпанија, како и многу други европски земји се обидуваат да ја постигнат истата работа, а тоа е да ги избираат мигрантите кои ќе може да помогнат на домашната економија. Тоа е нешто што им се исплати на овие земји, затоа што ефтино се пополнува дупката.“

Како и да е, експертите се согласни, државите членки на ЕУ мора да се соочат со реалноста – дека ЕУ ќе продолжи да биде главна дестинација за се повеќе имигранти.
XS
SM
MD
LG