Достапни линкови

Скенирање на ситуацијата за добивање комплетна слика


Скенирање на ситуацијата во Македонија за да се добие комплетна слика како за економската, така и за политичката ситуација во земјава, вака поранешниот министер за финансии на Германија Тео Вајгел кој од вчера е во работна посета на Македонија и кого македонската влада го ангажираше како советник во кабинетот, го објасни неговото второ по ред пристигнување во Македонија, по она во февруари, кога тој прифати да биде советник. Тој најави дека негова цел во наредниот период освен контакти со домашните експерти кои главно ќе бидат вклучени во неговиот тим, ќе биде и спроведување на домашните програми со оние на меѓународните институции, како Светската Банка и на другите европски институции, за да види дали постои согласност меѓу програмите, односно да види што Европа бара од Македонија. Германскиот стручњак Вајгел рече дека тој не е оној што знае се, туку дека ќе се потруди со неговото искуство и контакти со ЕУ да и помогне на нашата земја со совети. Но, дека сепак решенијата остануваат во рацете на владата. Коментирајќи ги толкувањата дека тој е ангажиран како советник за економски прашања со цел привлекување на реномирани странки инвеститори, Вајгел рече:

„Познавам многу луѓе од европските инстируции како и повеќето врвни германски менаџери. Јас ќе се потрудам тие да се стекнат со доверба, со што секако ќе дојдеме со чекорот на инвеститори во Македонија. Мислам дека најважните мерки што претходно треба да се преземат се мирновниот процес, надминување на етничките проблми и движење по патиштата зацртани од ЕУ.“

Тој рече дека програмата за решавање на економските прашања во Македонија ќе биде долгорочна, но рече дека врз неа ќе се работи се додека Македонија не одговори на барањата за влез во ЕУ.
XS
SM
MD
LG