Достапни линкови

Првите осум часа луѓето се најпродуктивни


Првите осум часа од кога ке се разбудиме сме најпродуктивни. Токму затоа и работното време на луѓето е креирано според биоритмот на човекот - велат од Институтот по психологија на филозофскиот факултет. Наутро нашата енергија е голема, во текот на денот го достигнува својот врв за разлика од навечер кога желбата за работа е најниска. Билјана Блажевска асистент по психологија на труд вели дека и одморот на работникот во текот на денот влијае врз неговата желба за работа:

,,Најдобро е паузите да траат најмногу половина час, со оглед на тоа што ако траат подолго, повторното прилагодување ќе трае подолго време и ќе влијае врз продуктивноста.”

Продуктивноста пак е помала кај работниците кои работат во 2 и 3 смена затоа што биоритамот влијае врз нивната психо физичка состојба.

,,Флексибилното работно време е најефикасно во поглед на продуктивноста, во споредба со нормалното работно и компресираното работно време. Меѓутоа кај нас сеуште не се применува ниту компресивно ниту флексибилно работно време.”

објаснува Блажевска

Желбата за работата на граѓаните пак зависи од возраста и од работното место. Според Блажевска трендот на младите да се будат од сонот напладне не влијае добро врз нивната работо спосбност.

,,Ако мораат да станат рано наутро, секако дека влијае, и треба да се смени нешто во начинот на живот. Меѓутоа со текот на време и тие стануваат свесни за тоа и го прилагодуваат начинот на живот.”

додава таа.
XS
SM
MD
LG