Достапни линкови

Се очекува Буш да побара од Путин повторување на руските заложби за развој на демократијата


По првата во Словенија пред четири години, денешната во Словачка е последната од единаесетте досегашни средби на претседателите Џорџ Буш и Владимир Путин. Според аналитичарите, оваа ќе биде многу понапната, бидејќи, како што се наведува, се очекува Буш да побара од Путин да ги повтори руските заложби за развој на демокартијата и за владеење на правото во земјата.

Братиславскиот американско руски самит ќе биде првиот откако претседателот Џорџ Буш во својот инаугуративен говор во минатиот месец се заложи за ширење на демократијата и слободата во светот. Самитот, исто така е проследен со последните коментари на американски официјални претставници за тоа дека Кремљ се движи кон автократизам. Притоа се наведуваат: откажувањето на изборите за гувернери на провинциите, односно новото право на Путин сам да ги поставува и намалувањето на слободата на медиумите.

„Во Русија, гледаме дека патот кон демократија е нееднаков и оти се уште е без осигуран успех. Ние ќе продолжиме да вршиме притисок и ќе првиме се за да разјасниме дека заштитата на демократијата во Русија е витална за иднината на американско руските односи.“

Оцени во минатиот месец американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во нејзиното сослушување во Комитетот за надворешни односи на Сенатот, а во врска со одобрувањето на нејзината функција. Претседателот Владимир Путин во последното интервју за словачките средства за информирање ја бранеше својата политика со зборовите дека Русија мора демократијата да ја адаптира на нејзини услови. Но, тоа, според аналитичарите, не треба да води кон автократизација и затоа Вашингтон треба да врши притисок врз Москва. Се сугерира дури и тоа Соединетите Држави да се спротивстави на руското членство во Светската трговска организација и да се заложи за неучество на Русија на состаноците на Групата седум најразвиени земји. Од друга страна постојат мислења дека Путиновиот автократски стил на владеење би можело да води и кон неговото сопствено симнување од власта. Андрес Аслунд од Карнеџи фондацијата за меѓународен мир вели дека и покрај тоа што многу од русите сакаат цврсто раководтство, тие сепак почнале да покажуваат незадоволство од нивниот претседател поради укинувањето на поранешните советски бенефиции.

„Ова многу ме потсетува на она што се случуваше во Полска во илјада деветстотини и осумдесетата година кога беше формирана Солидарност. И ние видовме како тоа заврши. Мислам дека тоа покажува дека власта на претседателот Путин ја мина границата.“

Вели Андрес Аслунд. Инаку, двајцата претседатели на денешниот самит во Братислава се очекува да разговараат и за Ирак, Иран, Блискиот исток, но и за соработката во борбата против тероризмот и во неширењето на нуклеарното оружје.
XS
SM
MD
LG