Достапни линкови

logo-print

Тикрит: Во напад со автомобил бомба убиени најмалку 10 лица


Полицијата во северно ирачкиот град Тикрит соопшти дека во напад со автомобил бомба се убиени најмалку 10, а ранети 24 лица. Напаѓачите биле облечени во полициски униформи со возилото влегле во паркингот на полициска станица и таму ја активирале бомбата. Во експлозијата беа запалени и 20 тина возила. Тикрит е родно место на поранешниот диктатор Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG